Црна хроника
Скопјанка барала пари од фирми за да им се помогне на полицајците од акцијата во Куманово
Скопјанка лажно се претставувала дека е вработена во Министерството за внатрешни работи (МВР) и сопруга на висок функционер од МВР и барала пари од повеќе фирми со изговор да им се помогне на полицајците коишто учествувале во полициската акција во Куманово.
Последната измама со фирма од Велес којашто имала претставништво во Скопје не и успеала, раководителот ја пријавил и на 2 јуни е приведена. Против нејзе е поднесена кривична пријава за измама и лажно претставување.
Измамничката контактирала со раководителот на фирмата на 1 јуни и му рекла дека фирмата мора да изврши уплата на парични средства во износ од 30.000 денари од жиро сметката на правното лице на жиро сметка на физичко лице непрецизирајќи на која жиро сметка и на кое лице. Им ветила дека за донацијата фирмата ќе добие пофалница од државата.
Но, раководителот на фирмата и рекол дека одлука за исплата на пари може да донесе само директорот, па измамничката побарала да стапи во контакт со него.
Раководителот не и го дал телефонскиот број на директорот и и рекол дека ќе му пренесе за нејзиното барање и дека ќе и се јават.
На 2 јуни раководителот на фирмата и се јавил и и рекол дека директорот одобрил да бидат уплатени 20.000 денари на жиро сметката.
„Но поради неможност книговодствено да биде оправдан износот на паричните средства доколку биде исплатен од жиро сметката на правното лице, мора да и бидат врачени лично на рака, зашто таа треба да му даде документ. Несакајќи да ја пропушти можноста да ги земе паричните средства, а доведена во ситуација да мора да го открие својот вистински идентитет бидејќи условот за да ги земе е да се појави лично, а со намера и натаму да го одржи во заблуда пријавителот, пријавената му кажала дека поради смртен случај неможе лично да дојде за да ги земе парите но ќе прати друго женско лице со име С.Ш. (притоа најавувајќи се себе), која што во нејзино име ќе ги земе парите и ќе му сочини документ за земениот износ, додека пофалницата ќе му ја врачи лично на 08.06.2015 година. На договорената средба околу 13,30 часот во просториите на претставништвото на правното лице во нас.Аеродром, пријавената дошла и претставувајќи се како лице задолжено од наводната службеничка во МВР која треба во нејзино име да ги земе паричните средства и идентификувајќи се со прикажување на својата лична карта, на пријавителот му кажала дека во моментот неможе да му даде документ за паричните средства кои што треба да и бидат дадени. Но за да го наведе да и ги даде парите му кажала дека може да направи фотокопија од нејзината лична карта. По ова, извршено е легитимирање на пријавената, извршен е преглед на нејзиниот личен багаж и на ПМВ кое го управувала по што е лишена од слобода во ПС ОН Кисела Вода“, соопштуваат од МВР.
Скопјанката од 29 мај до 2 јуни се јавила на уште четири фирми и побарала да уплатат пари за полицајците. Против нејзе и претходно биле поднесувани кривични пријави за измама./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.