Црна хроника
Скопјанка физички нападната и ограбена од сограѓанка и двајца помагачи
Скопјанка е нападната и ограбена од тричлена група од која најагресивно било женско лице и притоа и’ се украдени мобилни телефони и 1.200 денари
Разбојништвото се одиграло во средата, околу 17,30 часот во Скопје на бул.„3-та Македонска Бригада“, поточно на пругата кај преминот од населбата Кисела Вода кон средното училиште Димитар Влахов“, кога три засега непознати лица, две машки и едно женско лице, извршиле разбојништво над 64-годишната Н.В. од Скопје.
Напаѓачите на жената и’ пришле од зад грб, по што женското лице физички ја нападнало удирајќи ја со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, а потоа ја турнале на земја, и’ ја одзеле чантата во која имало два мобилни телефона од марките „Самсунг Мини“ и „Нокиа“, лична карта, очила и околу 1.200 денари, и преку пругата се упатиле кон населбата Кисела Вода.
Од полициската станица Кисела Вода информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.