Црна хроника
Скопјанка со 2,2 промили алкохол во крвта навредувала полицајци
На триесетгодишна скопјанка и тргнало пиењето, па така пијана навредувала полицајци и ги снимала со мобилен телефон.
Како што соопшти полицијата, во среда утрото околу 3.50 часот во Скопје на бул.„Партизански одреди“, Е.Т.П.(30) од Скопје го нарушила јавниот ред и мир. Таа, во алкохолизирана состојба, омаловажила полициски службеници со погрдни и непристојни зборови и ги снимала со мобилен телефон. Жената е приведена во полициската станица во Центар каде и било извршено алкотестирање и констатирано е 2.20 промили алкохол во крвта. Изготвен бил Записник за констатирани прекршоци./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.