Црна хроника
Скопјанка тепала и малтретирала 84-годишна старица
Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против 64-годишната Ј.М. од Скопје, поради основано сомнение дека извршила кривично дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, соопштуваат од МВР.
Имено, во март годинава, Б.В., син на оштетената, со усмен меѓусебен договор се договорил со пријавената истата да се грижи и да ја чува неговата 84-годишна мајка, која е болна од Паркинсонова болест и деменција и е тешко подвижна, а за сметка на тоа тој без надомест и овозможил да живее заедно со мајка му и се грижел финансиски за сите нејзини потреби, бидејќи пријавената немала сопствен дом и средства за егзистенција.
На 21-ви овој месец, од страна на Б.В. преку поставениот видео надзор во станот на приземјето каде што живее неговата мајка – оштетената Н.В. заедно со пријавената Ј.М., случајно забележал на снимката која се снимала во тој момент како пријавената физички ја малтретирала неговата мајка удирајќи ја со рацете по главата и телото тегнејќи ја за косата, и туркајќи ја на креветот.
Откако го видел тоа, Б.В. се симнал на долниот кат, и истата ја спречил и понатаму физички да ја напаѓа и малтретира неговата мајка, по што ја истерал пријавената од нивниот дом. Горепријавената во повеќе наврати и во претходните месеци без повод и причина физички ја малтретирала оштетената. Во саботата во полициската станица „Кисела Вода“ горепријавената е лишена од слобода и со неа е извршен службен разговор, соопштуваат од МВР./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.