Црна хроника
Скопска фирма продавала фалсификат сијалици од Кина
Фирма од Скопје продавала кинески сијалици, а ги претставувала како да се оригинални од марката „Искра“, наводно произведени во Украина, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Педесет идеветгодишниот С.А., во својство на сопственик и управител на правното лице ТП КУВАЈТ ПРОМ Сејдула ДООЕЛ Скопје, спротивно на прописите на индустриска сопственост во мај годинава од фирма од Кина купил и увезол во Македонија 131.000 парчиња сијалици преставувајќи како да се оригинални од заштитена трговска марка „Искра“ наводно произведени во Украина.
Истите ги складирал во складот во седиштето на неговата фирма лоциран во село Студеничани и како наводно оригинални производи ги продавал на територијата на Македонија.
Преку својата фирма С.А. имал воспоставено деловни односи со фирмата „Искра“ од Украина, од каде што набавувал производи од електрорасветната област, но поради настанатата ситуација во Украина, фирмата не била во можност да ги задоволи потребите на фирмата ТП КУВАЈТ ПРОМ Сејдула ДООЕЛ Скопје. Со цел наоѓање производи за пласман на подрачје на Македонија, воспоставил контакт со фирма од Кина, каде што неговиот син лично отишол и однел примерок од оригинален производ-сијалица марка „Искра“ и побарал да му се произведуваат сијалици со облик, лого и опаковка на „Искра“ како да се оригинални, во име и за сметка на правното лице на пријавениот.
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, поднесе кривична пријава до надлежното основно јавно обвинителство против лицето С.А. и против правното лице ТП КУВАЈТ ПРОМ Сејдула ДООЕЛ Скопје, за сторено кривично дело „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.