Црна хроника
Случај Дениса: МВР врши контрола на починато лице на границата
Министерството за внатрешни работи врши контрола на починато лице при влез на границата, велат од Царинската управа, објаснувајќи ја процедурата за влез на починато лице, што ја актуализираше случајот со исчезнатата прилепчанка Дениса Маркоска.
„При влез мора мртвото тело да се пријави на гранична полиција, притоа треба да има потврда од полиција од државата каде е констатирана смртта врз основа на што нашата полиција издава потврда за влез на мртво лице. Оваа потврда се издава во оригинал и без неа погребалните претпријатија не дозволуваат вршење на закоп. Контролата на починатиот ја врши претставник од МВР. Починатите може да ги подигне исклучиво лиценцирано погребално претпријатие за превоз на умрени лица. При подигање на починати лица нема потреба да присуствува на член на семејство или претставник на судска медицина“, објаснуваат од Царинската управа на барање на Макфакс.Од царински аспект при влез на починато лице не е потребно поднесување на никакви царински документи, бидејќи согласно Царинскиот закон, член 196. од плаќање увозни давачки се ослободени, ковчези со тела, погребни урни со пепел и придружни погребни предмети.Министерството за здравство даде дозвола, па сега се очекува Институтот за судска медицина да направи обдукција или ДНК анализа на телото што се очекува да стигне од Грција утре. /крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.