Црна хроника
Со безбол палка ограбиле бензинска пумпа
Две непознати лица со закана со безбол палка ја ограбиле бензинската пумпа „Еуро Петрол“ на магистралниот пат Струмица – Радовиш, кај селото Калуѓерица.
Еден од крадци ноќеска околу 2.30 часот со безбол палка влегол во објектот на бензинската пумпа и им се заканило на двајцата вработени дека ќе ги нападне, одзело околу 8.000 денари, по што двајцата избегале.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.