Црна хроника
Со секира му се заканувал на возач на градски автобус во Скопје
Четириесетгодишен маж во расправија со возач на градски ацтобус во Скопје, извадил секира и се обидел да го нападне во автобусот, во што бил спречен од патниците, соопшти МВР.
Имено, во вторникот, во 16.30 часот во Скопје на ул. „Св.Кирил и Методиј“, А.С. (40) од Скопје започнал расправија со возачот на автобус со возен број 9, Е.А. (32) од Скопје. Поради недоразбирање во сообраќајот А.С. излегол од своето возило „Ауди А4“, со скопски регистарски ознаки, и со секира удрил во страничното стакло од автобусот и се обидел преку искршеното стаклото да го нападне возачот. Потоа влегол внатре во автобусот, со намера да го нападне возачот, но од страна на патниците кои биле во автобусот бил спречен во намерата. Од страна на АЛФА тим А.С. е приведен во ПС Центар. СВР Скопје презема мерки за расчистување на настанот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведени крадци во Битола
Вчера во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода К.Б.(30) и Н.Б.(41), двајцата од Битола.
При претрес во домот на К.Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Додека, при претрес во домот на Н.Б., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Казни за 140 возачи, возеле над дозволеното
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 140 возачи.
Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.