Црна хроника
Собрани парите, во понеделник ќе биде погребано момчето кое загина кај Католичка
Стотици граѓани и фирми се одзваа на апелот и донираа пари за погребот на шеснаесетгодишното момче кое загина во саботата во сообраќајка кај Католичката црква во Скопје.
Семејството на момчето побара финансиска помош за погребот, а синоќа информираа дека парите се веќе собрани. Доцна вечерта и скопската епархија на МПЦ информираше дека тие ќе се погрижат за погребот на Иван.Средношколецот од „Здравко Цветковски“ ќе биде погребан во понеделник.Во саботата попладне џип „туарег“ управуван од дваесетгодишно момче од село Батинци удри во средношколецот кој ја минувал улицата. Тој веднаш бил пренесен на Клиниките, но им подлегна на повредите. И возачот на „туарегот“ бил пренсен во болница и му бил констатиран акутен шок.Се утврдуваат причините за несреќата./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.