Црна хроника
Сообраќаец застрелал мотоциклист кој не застанал на негов знак
Полицаец од Радовиш застрелал мотоциклист кој не застанал на негов знак додека го регулирал сообраќајот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
На 12-ти септември, М.К.(30) од Радовиш, вработен како полицаец, бил ангажиран за вршење службени задачи од областа на сообраќајот. Тој му дал знак на еден мотоциклист да застане, а откако тој не ја испочитувал наредбата и го продолжил движењето, полицаецот од службениот пиштол испукал два куршуми, погодувајќи го М.И.(28) од село Почивало, штипско, во пределот на коленото.
Од преземени мерки било утврдено дека М.К. го употребил огненото оружје иако не биле исполнети условите за истото. Против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизивкување општа опасност“.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.