Црна хроника
Сопругата на убиецот ја повлекла пријавата против војникот, пресуда немало
Поранешната сопруга на Драган Манаилов кој во вторникот изврши тројно убиство во Злетово, пробиштипско, годинава ја повлекла пријавата за телесна повреда за семејно насилство што ја имала поднесено против својот сопруг, изјавија за Макфакс од Основниот суд Штип.
Портпаролот на судот, Стојан Михов изјави дека против убиецот во нивниот суд досега не била донесена пресуда, ниту била изречена казна затвор.„Сопругата го повлекла предлогот за кривично гонење за телесна повреда при семејно насилство, додека во судот во тек е постапка за кривичната пријава за нанесување на тешка телесна повреда, а оштетен е пријателот на неговата сопруга“, изјави Михов.Во понеделник било закажано рочиште за овој случај. Од Основниот суд во Штип велат дека пресуда за Манаилов немало во овој суд, но немаат информации дали против него имало постапки во околните судови, Кратово или Крива Паланка.Од Генералштабот на Армијата изјавија дека Манаилов бил психофизички здрав и дека ги имал минато сите тестови, а тие не биле известени дека против него се поднесени кривични пријави, а не можеле да преземат дисциплинска постапка против својот вработен доколку против него немало правосилна пресуда.Манаилов во вторникот утрото уби педесет и едногодишен жител на Злетово, за кој се шпекулира дека му бил чичко на момчето за кое Драган се сомневал дека и е љубовник на неговата поранешна сопруга.Потоа ги уби родителите на сопругата, а нејзиниот брат успеал да му ја земе автоматската пушка. По неколку часа убиецот беше најден обесен во близина на бачило во околината на злетовско. Тројното убиство што се случи во Злетово е слично на тројното убиство што се случи на 9-ти месецов. Тогаш, поранешен бранител со пиштол којшто го поседувал со дозвола ги уби, родителите и сестрата на својата поранешна сопруга. Сега е во притвор, а исто како и во овој случај неговата сопруга имаше повлечено пријава за семејно насилство. Поднесена беше кривична пријава против полицајци од Кавадарци бидејќи не му го одзеле оружјето на убиецот од истиот град.
Во општина Пробиштип денешниот ден е прогласен за ден на жалост./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.