Црна хроника
Сопственик на агенција за обезбедување од Прилеп ја оштетил УЈП за 150.000 евра
Управата за финансиска полиција во средата соопшти дека, поднесе кривична пријава против лицето Љ.К(54) сопственик и управител на Друштво за обезбедување на имот и лица Секјурити – М.К. – Агенси од Прилеп.
Кривичната пријава е поднесена до Основното јавно обвинителство во Прилеп поради постоење на основано сомнение на сторени кривични дела Измама, Даночно затајување и Фалсификување или уништување на деловни книги.
Според податоците од предистаражната постапка до кои дојде Управата за финансиска полиција, пријавениот Љ.К(54) во периодот од 2010 до 2014 година, ги измамил и довел во заблуда одговорните лица во Управата за јавни приходи на Република Македонија на начин што лажно прикажал и употребил во сметководствената евиденција 28 фалсификувани влезни фактури во вкупен износ од 560.000 евра со вкалкулиран ДДВ од 18%, за фиктивна односно наводно извршена набавка на опрема и услуги.
Фалсификуваните фактури се наводно издадени од познати фирми од Скопје и од Прилеп, а за кои фирми по извршените проверки се утврди дека никогаш немале деловни односи со фирмата на пријавениот, Секјурити – М.К. – Агенси од Прилеп ниту пак лично се познавале со него.
Со употреба на фалсификуваните фактури пријавениот Љ.К(54) успеал да ги измами вработените во Управата за јавни приходи и на тој начин да изврши неоснован поврат на ДДВ во износ од 86.000 евра.
Во текот на предистражната постапка, Финансиската полиција утврди дека во книговодството на Друштво за обезбедување на имот и лица Секјурити – М.К. – Агенси од Прилеп по налог на пријавениот Љ.К(54) извршени се и други малверзации со кои дополнително е оштетен Буџетот на Република Македнонија по основ на неплатен Данок на добивка за износ од околу 24.000 евра.
Пријавениот Љ.К(54) од банкарската сметка на правниот субјект Секјурити – М.К. – Агенси, подигнал парични средства во готово во износ од 400.000 евра и истите противправно ги присвоил за себе и за свои лични цели, при што за истите не поседува и не доставил материјална документација во сметководствената евиденција, за начинот на нивното користење, односно документација со која би се оправдало користењето на паричните средства за стопански цели, на кој начин не пресметал обврска и не уплатил персонален данок на доход во износ од 40.000 евра.
Како резултат на малверзациите сторените од пријавениот Љ.К(54), Буџетот на Република Македонија е покус за износ од вкупно 150.000 евра, кои средства пријавениот си ги искористил за свои и за потребите на неговата фирма, се вели во соопштението. /крај/.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.