Црна хроника
Сопственик на фирма затаил данок од 143.000 евра
Сопственик на фирма од Скопје е осомничен дека затаил данок во износ од 143.000 евра, соопшти во понеделникот финансиската полиција.
Во измамата учествувал и сметководител од фирмата „Мак консалтинг Сузана“ ДООЕЛ кој бил „мозокот’ на операцијата, а финансиската полиција против него пред неколку месеци веќе поднесе пријава за измама за данок на додадена вредност (ДДВ) со други фирми во негова сопственост со кои присвоил повеќе од 750.000 евра од неоснован поврат на ДДВ.Сопственикот на фирмата „Боки груп ДООЕЛ“ од Скопје со сметководителот употребиле фалсификувана ДДВ пријава во која прикажале невистинити податоци за влезниот промет, односно во истата евидентирани се фиктивни влезни фактури за наводно извршени набавки на стоки и услуги без да постои реален должничко доверителски однос и соодветна документација кај добавувачи кои наводно ги испоставиле овие фактури. Фалсификуваните фактури не се евидентирани во нивните сметководствени евиденции, ниту пак е извршено плаќање по истите, на кој начин пријавените ги измамиле односно ги довеле во заблуда службените лица на Управата за јавни приходи (УЈП) кои ја вршеле контролата кај даночниот обврзник. Како резултат на добро организираната измама, двајцата пријавени успеале противзаконски и неосновано да извршат поврат на ДДВ при што директно го оштетиле Буџетот на државата за износ од 143.000 евра.Против сопственикот е поднесена кривична пријава за измама“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“, а на сметководителот пред неколку месеци му беше одреден притвор и му беше замрзнат целокупниот имот од страна на органите на прогонот./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.