Црна хроника
Соседи се тепале со ножеви за турната ограда
Во сабота, еден сосед прободел двајца други соседи, откако тие го натепале, соопшти полицијата.
Имено, во саботата, во 21.20 часот во село Гајранци, пробиштипско Р.К.(59) забележал дека била урната неговата ограда од дворот, по што претпоставил дека сторители се неговите соседи браќата Д.М.(42) и М.М.(1961).Тој зел секирче и го скршил ветробранското стакло од паркирано возило „Застава 125“сопственост на М.М. а потоа си заминал.
Веднаш потоа Д.М. и М.М. влегле во дворот на Р.К. и физички го нападнале. Тој, изреволтиран зел нож со помало сечиво и на ул. „9-ти Мај“ им нанел повреди во пределот на стомакот на двајцата браќа. Повредените со возило на Брза помош биле пренесени во болницата во Штип каде им биле константирани телесни повреди и биле задржани на понатамошно лекување.
Р.К. бил приведен во полициската станица во Пробиштип, а потоа поради здобиените повреди од извршениот физички напад со возило на Брза помош бил пренесен во болницата во Штип.
Увид извршила полицијата и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.