Црна хроника
Спречен обид за шверц на златен и сребрен накит
Царинските службеници, во четврток попладне спречија обид за шверц на 400 грама златен и сребрен накит во Македонија преку граничниот премин „Богородица“.
Имено, во четвртокот, околу 14.30 часот за влез во Македонија со патничко моторно возило со грчки регистарски ознаки, на граничниот премин „Богородица“ се пријавил грчки државјанин. На прашање на царината рекол дека нема ништоза да пријави, но службениците се посомневале во неговата изјава, па го прегледале возилото, при што на задното седиште во женска торба се пронајдени кутиии со накит. Во неа имало 212 грама стар златен накит (26 парчиња: британски монети, привезоци, прстени, ланчиња, нараквици, обетки) и 191 грам сребрен накит (33 парчиња: прстени, обетки, привезоци, нараквици, брошеви). Вредноста на накитот се проценува на над 260 илјади денари, а износот на избегнатите давачки на 91 илјади денари.Накитот и возилото се привремено задржани, а против лицето е поведена соодветна постапка./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.