Контакт

Црна хроника

Спречен шверц на 12 килограми марихуана на граничниот премин „Блато“

Објавено пред

Во средата, царинските службеници спречија шверц на 12 килограми марихуана на ГП „Блато“, што албански државјанин сакал да ја пренесе скриена во неговиот автомобил, но кога го сетиле, избегал кон Албанија, по што бил фатен.

dobivaj vesti na viber

Имено, во средата околу 13.40 часот, на граничниот премин Блато за влез во Република Македонија се пријавил З.Л.(33) државјанин на Република Албанија, управувајќи патничко моторно возило марка „Mercedes“ со албански регистарски ознаки, кој на прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави за царинска контрола одговорил дека нема ништо за пријавување. Заради сомневање во неговата изјава, царинскиот службеник го селектирал возилото за детален преглед. При вршење на контролата на возилото царинскиот службеник приметил дека под десниот праг е сместена најлонска фолија и почнал детално да го прегледува прагот од возилото. Кога лицето З.Л. видело дека царинскиот службеник почнал да го демонтира прагот од возилото, ја искористилo приликата и со трчање се далo во бегство кон територијата на Република Албанија. Веднаш по неговото бегство од граничниот премин, полициските службеници од Регионалниот центар запад – ПС Блато во соработка со пограничните власти од Република Албанија презедоа сеопфатни мерки за пронаоѓање на лицето и по еден час интензивна потрага со помош на куче трагач З.Л. е пронајден и е лишен од слобода.Царинските службеници  при контролата во левиот и десниот праг од возилото пронајдоа вкупно 23 пакувања наполнети со опојна дрога марихуана со вкупна тежина од околу 12 килограми најпрво запечатени со најлонска и алуминиумска фолија, а потоа облепени со селотејп трака. Предметот е предаден за понатамошно постапување на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги во Царинската управа. Царинските инспектори од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги во Царинската управа по документирање на целиот случај и по прибирањето на сите материјални докази, против З.Л. државјанин на Република Албанија ќе поднесат кривична пријава до надлежното јавно обвинителство поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекрусори“. /крај/со/бб

Црна хроника

Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз

Објавено пред

Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори

Објавено пред

Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.

dobivaj vesti na viber

По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Објавено пред

МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.

dobivaj vesti na viber

На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 час

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија2 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија2 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија3 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија13 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија13 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија14 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија14 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија15 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија16 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија17 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија17 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија17 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија17 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија18 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија18 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија18 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...