Црна хроника
Спречен шверц на 29 килограми марихуана на граничниот премин „Блаце“
Во понеделникот, околу 22.30 часот, на граничниот премин „Блаце“ за влез во Македонија се пријавило лицето Б.Г. (26) државјанин на Република Албанија, управувајќи патничко моторно возило со албански регистарски ознаки, во кое како сопатници патувале уште три лица сите од Албанија.
На прашањето на царинскиот службеник дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, лицата одговориле дека немаат ништо за пријавување и дека патуваат за Германија. Поради сомневање во нивната изјава, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи – мобилни тимови го селектирале возилото за детален преглед. При контрола на возилото, во која било користено и царинско куче, царинските инспектори забележале одредени неправилности на подот од возилото. По отстранувањето на седиштата и теписонот од подот на возилото, забележале дека лимот е свежо обоен и дека по целата должина под подот од возилото има специјално направен бункер, наполнет со вкупно 29 пакетчиња со наркотична дрога марихуана со вкупна тежина од околу 29 килограми. Дрогата требало да биде однесена до Германија, а нејзината цена на западно – европскиот пазар би достигнала вредност од околу 120.000 евра. Случајот е предаден на инспекторите од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кои по собирање на сите докази, до надлежното јавно обвинителство ќе поднесат кривична пријава против осомничениот Б.Г., поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекрусори“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.