Црна хроника
Спречени шест обида за шверц на мигранти
Полицијата спречи шест одвоени случаи на криумчарење мигранти, а осум лица добија кривични пријави.
Притоа откриени се вкупно 24 илегални мигранти од кои 11 од Сирија, шестмина од Пакистан, четворица од Сомалија едно лице од Ирак и две лица од Авганистан.
Во првиот случај кривично се пријавени Г.А. (19) и Г.А. (27) двајцата од скопско Зелениково. Имено, откако од страна на полицајците биле забележани две патнички возила кои се движеле по автопатот од правец на Куманово, возилата кај клучката кај село Речица се исклучиле од автопатот и потоа од нив излегле седум илегални мигранти (шестмина од Пакистан и еден од Ирак), додека возилата продолжиле да се движат. Набргу сопрено е првото возило “BMW 316“ управувано од првопријавениот Г.А. а неколку часа подоцна лоцирано и сопрено е и второто возило (исто така марка “BMW“) управувано од второпријавениот. Илегалните мигранти се префрлени во Прифатниот центар во Скопје а од страна на Судија на претходна постапка на двајцата пријавени им е одредена мерка притвор во траење од по осум дена.
Во вториот случај исто така во близина на клучката кај с. Речица биле забележени две возила (едното “Фолксваген Поло“, а второто “Сеат Кордоба“ и двете со кумановски регистарски таблички). Притоа прво е сопрено “полото“, кое било како “претходница на второто возило управувано од пријавениот Д.Ф. (33) од Куманово, а потоа сопрено е и второто возило управувано од И.С.(29) од село Ваксинце, кумановско, во кое се наоѓале шестмина сириски државјани илегални мигранти. Од страна на Судија на претходна постапка на двајцата кривично пријавени им е одредена мерка притвор во траење од по осум дена.
Во третиот случај кривично е пријавено лицето Ш.Н. (34) од Неготино. Имено пријавениот во близина на клучката кај село Кукуричани на стариот пат Неготино – Градско е фатен во обид со возило “застава 128“ да пренесе двајца сириски илегални мигранти од кумановско. И за него Судија на претходна постапка одреди мерка притвор во траење од осум дена.
Во четвртиот случај кривично е пријавен Д.Ј. (23) од Гевгелија кој во близина на старата касарна во Гевгелија е фатен во обид со автомобил “BMW“ со беровски регистарски таблички да пренесе четворица илегални мигранти од Сомалија до кумановско. Судија на претходна постапка и на Д.Ј. му одреди мерка притвор во траење од осум дена.
Во петтиот случај кривично пријавен е Ј.В. (25) од Велес кој на локалниот пат с. Богородица – Гевгелија во возилото марка “КИА “ со велешки регистарски таблички качил тројца сириски мигранти со намера да ги пренесе до Куманово, но од страна на полициски службеници е сопрен на автопатот Е-75 во близина на месноста викано “Авлаќот“. Тој иако се обидел по сопирањето да побегне е фатен и приведен, а од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
И во последниот шести случај кривично е пријавено лицето А.С. (58) од Скопје кој ангажирајќи такси возило сакал од автобуската станица во Неготино до Скопје да пренесе двајца илегални мигранти од Авганистан. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.