Црна хроника
Срби ја искористуваат туристичката сезона за криумчарење на мигранти низ Македонија
Срби ја искористуваат туристичката сезoна, влегуваат во Македонија како туристи и криумчарат мигранти низ земјава, соопштуваат од Основното јавно обвинителство, кое ова го смета за новина во криминалот со криумчарење на мигранти.
Сторителите го искористуваат транзитот на голем број на туристи од Србија кон Грција по коридорот Куманово-Гевгелија по Вардарската долина, ги прикриваат своите криминални активности на сметка на зголемената фреквенција на сообраќајот. Тие како туристи легално влегуваат во Македонија и се движат со возила со странски регистарски ознаки по овој коридор, што во обратна насока е позната рута по која се движат мигрантите.„Кај досегашните криминални групи што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи во голема мера ги десеткуваа, како што е предметот „Којот“, кај непосредните извршители подолг период наназад не се пронаоѓаа и запленуваа парични средства, бидејќи плаќањето се извршуваше преку организатори и посредници. Дека станува збор за нова појава говори фактот што во новиот облик кај извршителите од Србија наплатата на криминалниот приход е непосредно од мигрантите“, соопштуваат од Обвинителството.Во четвртокот полицијата фатила српски државјанин како криумчари мигранти во своето возило од Гевгелија кон Куманово. Со него било уште едно непознато лице.Осомничениот со своето патничко моторно возило превезувал вкупно 11 мигранти, од кои седум биле малолетни лица.Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против српскиот државјанин, а судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 – Скопје на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.Кај него биле пронајдени и одземени 1.700 евра за кои основано се сомнева дека потекнуваат од предметното и претходно извршени кривични дела на криумчарење мигранти.Истрагата треба да утврди дали паричните средства се криминален приход или се од легално потекло. Министерството за внатрешни работи презема мерки за откривање и на вториот извршител, соопштуваат од Обвинителството./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во затворен маркет на улицата „Востаничка“ во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или се во вкупна вредност од 285.000 денари.
Со возило пристигнале пред маркетот, со употреба на погоден алат – хебла, клешти и друго делувале врз влезната врата од маркетот, но не успеале да ја отворат. Еден од сторителите го стартувал возилото и удрил со задниот дел, кршејќи ги двете лизгачки врати. Потоа заедно со останатите осомничени ги демонтирале и ги поставиле покрај влезот од маркетот. Преку така направениот отвор сега осомничениот заедно со другите лица влегол во просторијата наменета за вработени, од каде го одзеле металниот сеф со дневен промет и цигарите, па заминале во непознат правец.
Бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Полицијата соопшти дека работи на откривање на неговите соучесници.
Црна хроника
Казни за 153 возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за користење мобилен телефон при возење.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.