Црна хроника
Старец прегазен на улица во Охрид
Охриѓанец загина во тешката сообраќајната незгода што се случи утрово во 8 часот на улицата „15 корпус“ во Охрид.
Седумдесет и едногодишниот Славе П. се обидувал да ја премине улицата на необележан пешачки премин. Во него со предниот дел удрило патничко моторно возило марка „Пасат“ со охридски регистарски таблици кое од селото Лескоец се движело кон Охрид. Возилото било управувано од С.М. (53) од Охрид. За кратко време на местото на тешката сообраќајна незгода пристигнало возило на Брза помош при што од медицинските лица била констатирана смрт. На лице место извршен е увид во присуство на јавен обвинител, како и полициски екипи од СВР Охрид. По наредба на јавниот обвинител, во текот на денов врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција, како и вештачење врз патничкото моторно возило.За време на увидот, сообраќајот на улицата „15 корпус“ се одвиваше без прекин. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.