Црна хроника
Старица тешко повредена во пожар во пензионерски Дом во Скопје
Едно лице е повредено во пожар кој во петокот попладне од непознати причини избувнал во пензионерски Дом во скопски Аеродром.
Едно лице е повредено во пожар кој во петокот попладне од непознати причини избувнал во пензионерски Дом во скопски Аеродром.
Како што соопшти МВР, околу 18,15 часот на ул.„Ангел Димовски“од засега неутврдени причини избувнал пожар во стан во пензионерскиот Дом при што станот целосно изгорел, а повредена била З.М.(83) која со возило на Брза помош била пренесена во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош по што поради сериозноста на здравствената состојба била препратена и задржана во КЦ-Мајка Тереза.
Од страна на противпожарна бригада пожарот е изгаснат и се работи на целосно расчистување. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Доживотен затвор за лице што на свиреп начин уби жена во Кочани
По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна доживотен затвор.
Обвинетиот на 25.9.2023 година на свиреп начин лиши од живот жена нанесувајќи и многубројни убоди со нож.
Во обвинението Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело уцена кон истата оштетена сторено пред убиството. Меѓутоа, тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка.
Црна хроника
Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје
Синоќа, во 20.45 часот, во Полициската станица Аеродром, К. И. (48) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден околу 14.20 часот во Полициската станица Карпош, Б. Р. (54) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје бил каснат од куче скитник.
Вчер,а во 15.45 часот, во Полициската станица Драчево, А. Н. (52) од Скопје пријавил дека на улицата Јустинијан Први во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Возило излетало од патот Куманово – Скопје, возачот тешко повреден
Синоќа, во 19.20 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с. Ново Село, Кумановско, патничко возило „сеат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А. З. (20) од Куманово, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.