Црна хроника
Струмичанец загина во сообраќајка на патот Дојран – Валандово
Струмичанец синоќа им подлегна на повредите откако со својот автомобил излетал од регионалниот пат Дојран – Валандово.
Според информациите од МВР, во четвртокот попладне околу 15.35 часот, шеесет и седумгодишниот струмичанец Војчо Н. со својот автомобил „пасат“ излетал од патот, кај валандовското село Дедели. Возачот со тешки телесни повреди бил пренесен во медицинскиот центар во Струмица, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Клиничкиот центар во Скопје. Лекарите не успеале да го спасат и струмичанецот вечерта околу 22.20 часот им подлегнал на повредите.Увид на лице место извршиле полицајци од полициската станица Валандово и се утврдуваат причините за несреќата./крај/мф
Извор: Фото:архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.