Црна хроника
Струмичанка се обидела да се фрли од балкон, „алфите“ ја спасиле
Струмичанка во неделата вечерта се обидела да се фрли од балкон од зграда во скопското село Ново Лисиче, но по интервеницја на „алфите“ девојката била спасена.
Инцидентот се случил во неделата вечерта околу 23 часот на булеварот „Видео Смилевски Бато“. „Алфите“ добиле пријава дека дваесет и четиригодишна девојка сака да се самоубие. Насилно ја отвориле вратата по што на балконот била затечена девојката и била спречена во намерата. Девојката неколку месеци живеела со триесет и едногодишен скопјанец со кого подолго време имале меѓусебни недоразбирања. Момчето во неделата околу 18 часот излегол од станот и ја заклучил по што таа по некое време се обидела да изврши самоубиство. Полицајците го привеле скопјанецот, а по целосно расчистување ќе следи соодветен поднесок. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.