Црна хроника
Студентка се породила на екскурзија и бебето го фрлила во корпа за отпадоци
Студентка од Скопје се породила на апсолвентска екскурзија на граничниот премин „Табановце“ и бебето го фрлила во корпата за отпадоци.
Според информациите на МВР, дваесет и тригодишната скопјанка била бремена седми или осми месец и не постојат податоци дека претходно нејзината бременост била лекарски контролирана. И покрај сето ова таа тргнала на апсолвентска екскурзија. На 29 март околу 11.30 часот на граничниот премин „Табановце“, додека чекале за пасошка контрола, девојката почувствувала силни болки во пределот на стомакот и отишла во тоалетот на граничниот премин.Во тоалетот се породила, а бебето го ставила во корпата за отпадоци. Потоа се вратила во автобусот и продолжила со патувањето. Откако персоналот на граничниот премин го открил телото на новороденчето, случајот бил пријавен во СВР Кумановo и по интензивна истрага било исконтактирано со организаторите на екскурзијата.Следниот ден девојката била однесена во Гинеколошка клиника во Прага, Чешка Република при што и е укажана лекарска помош. Таа била приведена по завршувањето на екскурзијата, на 18 април на граничен премин и е однесена на дополнителни медицински вештачења.Меѓу другото, според истрагата е констатирано дека без оглед на датумот на бременоста, новороденчето кое било живо родено би преживеало доколку било родено во соодветни болнички услови. Против девојката е поднесена кривична пријава за убиство на дете при породување./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.