Црна хроника
Судот не му ги дава доказите на СЈО за „Пуч“ бидејќи се класифицирани информации
Надлежниот судија за преметот „Пуч“ го одби барањето на Специјалното јавно обвинителствоза доставување на докази и копии, бидејќи, како што вели, со тоа судот би направил директна повреда на обврската за чување класифицирани информации.
Обвинителството се обрати до судот на 09.02.2016 година со писмено барање за доставување на копии од списи и листа на електронски докази, кое барање, судот со образложен допис го одби по три дена.
Но, бидејќи обвинителството го повтори истото барање со исто образложение уште два пати и тоа на 17.02.2016 година и 26.02.2016 година, бидејќи не се согласуваат со образложението на судот, надлежниот судија донесе нова образложена одлука, во кој а се наведува:
„Судот ценејќи дека СЈО ја презело надлежноста врз конкретниот предмет, при што наведените списи и електронски докази не им биле доставени од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, судот утврди дека постојат законски пречки за доставување на копии од наведените списи и електронски докази бидејќи во случајов се работи за докази класифицирани најнапред како државна тајна, а потоа со декласификација се набележани со напомената службена тајна. Од друга страна се работи за списи и електронски докази кои се сочинети од разни државни органи кои истите ги класифицирале како државна тајна, па судот во никој случај не би можел да издава копии или преписи на овие класифицирани докази, особено без изречна дозвола и одобрение од државните органите кои ги издале, бидејќи тоа нема да бидат веродостојни копии согласно законот и други прописи, а судот не е оригинерен издавач на истите докази и списи. Дополнително судот го извести посоченото Обвинителство дека сите овие докази веќе се наоѓале во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција кој е подносител на обвинителниот акт за конкретниот предмет и истите требале да обезбедат примероци од сите овие докази, а доколку тоа не го сториле воопшто не е пропуст на судот, уште повеќе што предметот се наоѓа во фаза на главна расправа. Исто така Обвинителството, како странка во постапката, согласно член 81 од ЗКП, може да побара копии од бараните списи и електронски докази од органот кој ги издава и сочинува наведените докази, но судот во никој случај не може да се впушти во постапка со која би ја прекршил обврската за чување на класифицирани податоци со форма и содржина како што тоа го бара ова Обвинителство“, стои во соопштението.
Кривичниот суд наведува и дека на СЈО им става на располагање простории и технички можности на обвинителите од ова обвинителство да вршат увид во предметот.
Дополнително, со оглед на тоа дека овие докази веќе се составен дел на списите на предметот КОК Бр. 77/15, судот веќе му укажа на Обвинителството дека доколку смета, нема пречка во секое време да ги повлекува и да располага со доказите на со закон утврден начин во рамките на нивните законски овластувања да предлага и повлекува докази.
Главната рапсрава за конкретниот предмет продолжува утре 02.03.2016 година во 10:00 часот, инаку досега беа закажани 8 главни расправи, но сите беа одложени, а последните две беа одложени токму по барање на обвинителството заради увид во предметот. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.