Црна хроника
Судот пресуди 190 млн долари отштета за жртвите на гинекологот ’снимател’
Судија во американскиот град Балтимор ја одобри спогодбата во износ од 190 милиони долари за илјадници жени кои сега покојниот гинеколог ги снимал во текот на прегледите во болницата „Џон Хопкинс“.
Судија во американскиот град Балтимор ја одобри спогодбата во износ од 190 милиони долари за илјадници жени кои сега покојниот гинеколог ги снимал во текот на прегледите во болницата „Џон Хопкинс“.
Споменатата болница и некогашните пациентки на гинекологот Никита Леви кој таму работел 25 години во јули годинава постигнаа прелиминарен договор за решавање на проблемот поради тоа што лекарот тајно смил 9.500 жени, најчесто правејќи го тоа со шпионско пенкало со вградена микрокамера.
„Судот смета дека предложената спогодба е праведна и разумна. Пациентки на др Леви, се надевам дека вашите рани ќе зараснат и дека ќе се заздравите“, изјави во преполната судница со пациентки на покојниот гинеколог и нивните адвокати, балтиморскиот окружен судија Силвестер Кокс.
Договорот меѓу болницата „Џон Хопкинс“ и оштетените пациентки беше постигнат по една година преговарања.
Еден од вработените на оваа позната болница на властите во февруари 2013 година им соопштил оти се сомнева дека др Никита Леви за време на гинеколошките прегледи околу вратот носел незабележлива камера. Леви потоа, додека властите размислуваа дали ќе подигнат обвинение против него, изврши самоубиство.
Адвокатите веруваат дека на пациентките не им биле снимани лицата, како и дека можат да учествуваат во заедничката тужба, а да не докажуваат дека станува збор за нив. Претставниците на болницата ги информирале пациентките за полициската истрага и обвиненијата против лекарот.
За 2-ри октомври е закажано уште едно сослушување на коешто ќе се разгледуваат трошоците за судењето и на адвокатите, бидејќи некои пациентки вложија приговори дека за адвокатите е премногу 35 отсто од вкупната сума на спогодбата со управата на болницата./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведени крадци во Битола
Вчера во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода К.Б.(30) и Н.Б.(41), двајцата од Битола.
При претрес во домот на К.Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Додека, при претрес во домот на Н.Б., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Казни за 140 возачи, возеле над дозволеното
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 140 возачи.
Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.