Црна хроника
Светиниколчанец украл 2 милиони денари со продажба на луцерка, телиња и јуници
Светиниколчанец украл над 2 милиони денари со незаконска продажба на луцерка, телиња и јуници.
Тој како управител на фирмата „Фарма ленд“ во периодот од 2010 до 2012 година неовластено договарал и продал 72.600 килограми луцерка во вредност од 580.800 денари сопственост на АД „Џумајлија“ Лозово, а извршил и продажба на 31 теле и јуница во вредност од 1.483.700 денари со кои стопанисувала „Фармаленд“ Свети Николе. За извршените продажби не биле изготвувани фактури за наплата, туку само испратници. Со кривичното дело пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во вредност од 2.064.500 денари, а на штета на АД „Џумајлија“ Лозово и ДООЕЛ „Фармаленд“ Свети Николе./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.