Црна хроника
СВР Охрид поднесе кривична против Агенција за обезбедување на имот од Скопје и нејзиниот сопственик
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Агенција за обезбедување на имот и лица од Скопје и И.С.(57) од Скопје, сопственик и управител на агенцијата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“.
И.С., со неизвршување на обврските по склучување на договорот со Управата за заштита на културното наследство, не ги исполнил техничките услови предвидени во договорот, односно ангажирал помал број на вработени лица и покрај тоа што еден од основните услови за квалитетно извршување на договорот е економскиот оператор да има вработено или ангажирано минимум 10 лица за физичко обезбедување кои имаат лиценца и легитимации и да има вработено или ангажирано минимум пет лица за техничко обезбедување кои имаат лиценца за техничко обезбедување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Полицијата фати возачи без возачка, пијани и со забрана за управување автомобил
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициски службеници лишија од слобода 17 возачи поради безобѕирно управување. Од нив, шест возачи од Крива Паланка, Куманово, Делчево и Радовиш управувале возило под дејство на алкохол. Возачот од Радовиш предизвикал и сообраќајна незгода, по што го напуштил местото на настанот, соопшти МВР.
Осум возачи од Скопје, Делчево, Гевгелија, Богданци, Прилеп и Македонски Брод управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, додека еден возач од Кочани управувал возило и покрај изречена активна забрана за управување.
Во Кавадарци бил лишен од слобода возач кој управувал мотоцикл што не бил регистриран и без да поседува возачка дозвола, додека во Демир Хисар бил затекнат возач кој управувал патничко возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол.
Министерството за внатрешни работи потсетува дека непочитувањето на сообраќајните правила и прописи директно ја загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Управувањето возило под дејство на алкохол, без возачка дозвола или спротивно на изречена забрана претставува сериозен ризик по животот и здравјето на граѓаните. Апелира до сите возачи на совесно и одговорно учество во сообраќајот, со цел, како што велат, заеднички да придонесеме за поголема безбедност на патиштата.
Црна хроника
Хигиеничар во основно училиште во беровско село снимал ученици со мобилен телефон
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.К.(53) од беровско поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „насилство врз дете“, соопшти полицијата.
Во периодот од 03.02.2026 до 10.02.2026, пријавениот, вработен како хигиеничар во основно училиште во истото село, извршил психичко насилство над тројца ученици и ги снимал со неговиот мобилен телефон.
Црна хроника
Обид за разбојништво во Битола, со пиштол влегол во канцеларија
СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Ѓ. (36) од Битола поради основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“.
Како што соопшти полицијата, осомничениот бил лишен од слобода околу 1 часот по полноќ од страна на полициски службеници, а при извршен претрес во неговиот дом, со наредба од Основен суд Битола, бил пронајден и одземен пиштол.
Според пријавата, М.Ѓ. на 30 април 2026 година околу 18:10 часот се обидел да изврши разбојништво во канцеларија за кредитирање на улицата „Столарска“ во Битола, при што со закана со огнено оружје се обидел да го изврши делото, но не успеал и се дал во бегство.
