Црна хроника
Таксист силувал девојка додека момчето било заклучено во возилото
Таксист силувал девојка од Битола додека момчето било заклучено во такси возилото.
Инцидентот се случил во петокот вечерта околу 21 часот, кога момчето и девојката на возраст од 24 и 25 години влегле во такси возило „фолксваген пасат“, со кое управувал педесет и четиригодишен таксист, кое било паркирано во битолската населба Баир.
Таксистот почнал да се расправа со момчето за наводен долг и му зел 100 евра, пари коишто момчето ги држело во раце. Потоа ги заклучил вратите од возилото и со голема брзина се упатил кон излезот од градот.
Застанал во темна улица, ја извлекол девојката насилно од возилото, додека момчето го заклучил во истото, а потоа извршил полови дејствија врз девојката.
Потоа го отклучил возилото и го извлекол и момчето надвор, го удрил и заминал од местото на настанот. СВР-Битола превзема мерки за расчистување на настанот./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.