Црна хроника
Татко физички и психички ги малтретирал малолетните деца во Кисела Вода
Синоќа во 21:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.И.(42) од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава од неговата поранешна 36-годишна сопругa, дека во временски период од 2023 до 03.07.2026, тој физички и психички ги малтретирал нивните малолетни деца.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
