Црна хроника
Татко го силувал тригодишното дете заболено од церебрална парализа
Мајка го пријавила својот невенчан сопруг, инаку татко на нивното тригодишно дете, дека го силувал кога го земал на редовни видувања.
Како што соопшти полицијата, во понеделникот во 14.30 часот во полициска станица Центар, Е.П. (45) од Скопје пријавила дека во периодот од септември 2016 година до 07.12.2016 година нејзиниот невенчан сопруг А.К. извршил полов напад врз нивното тригодишно дете.
Според пријавителката, половиот напад се случил кога остварувал редовни видувања со детето врз основа на решение издадено од страна на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи.
Таа забележала дека по средбите детето е вознемирено, но со оглед дека детето боледува од церебрална парализа, тоа не можело да каже што се случува на средбите со таткото.
Пријавителката го однела детето на специјалист невропсихијатар на преглед, а според наодот од Клиниката за психијатрија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, констатирано било дека кај детето постои емоционална вознемиреност.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.