Црна хроника
Татко и синови со боксирач, нож и гасен пиштол малтретирале вработени на гробиштата во Бутел: предложен притвор
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 7 април, осомничените во група малтретирале и грубо навредувале двајца оштетени, а во јавноста предизвикале чувство на страв, несигурност и загрозување.
Мотив за настанот била одмазда, при што еден од осомничените и неговите два сина, ги пресретнале двајцата оштетени на нивното работно место, во „АД Гробишта Бутел“.
Со удари со боксови, користејќи и боксирач, започнале физички да се пресметуваат, а замавнувале и со нож. Во еден момент првиот осомничен извадил гасен пиштол, со кој го удрил еден од оштетените во главата, при што пиштолот испукал. Од насилството двајцата нападнати се здобиле со повеќе телесни повреди.
За тројцата осомничени, односно таткото и неговите синови, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, имајќи предвид дека постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, но и на тоа дека тие се во можност да вршат нови кривични дела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Синоќа уапсени петмина скопјани фатени со дрога
Синоќа на различни локации во Скопје полиција ги уапси Е.С.(39), Р.Р.(39), З.К.(43), Ј.К.Џ.(35), и Б.А.(27) сите од Скопје затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, од МВР велат дека ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за сите петмина.
Црна хроника
Чекала автобус во Центар кога насилно и го одзеле накитот, скопјанка пријавила грабеж
Скопјанка пријавила дека вчераутро на автобуска постојка во скопски Центар едно лице насилно и го одзело накитот што го носела. МВР презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Се степаа двајца вработени во хотел во скопски Аеродром, имале расправија за работните задачи
Доцна синоќа во полицијата била пријавена тепачка меѓу двајца колеги вработени во хотел во скопската населба Аеродром, јави МВР. Ф.И.(28) и Б.М.(36), двајцата од Скопје, претходно имале расправија за работните задачи, а со тепачката го нарушиле јавниот ред и мир. Обајцата ќе добијат соодветни поднесоци по целосно документирање на случајот.
