Црна хроника
Телото на тригодишното дете од прилепско е предадено на семејството за погреб
– (Архивска фоторгафија)
Телото на тригодишното детенце, кое во саботата трагично го загуби животот во превртување на трактор, е предадено на семејството за погреб.
Телото на тригодишното детенце, кое во саботата трагично го загуби животот во превртување на трактор, е предадено на семејството за погреб.
Страшната трагедија се случи во саботата околу 11:30 часот во прилепското село Секирци. Тригодишното детенце си играло во дворот од семејната куќа, но се доближило до приклучна земјоделска машина-прскалка, која паднала врз него и го поттиснала.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото дете е предадено на семејството за погреб, информираа во неделата од Министерството за внатрешни работи./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.