Црна хроника
Телото на убиеното момче од Велес на обдукција
Телото на убиеното дваесет итригодишното момче од велешкото село Бузалково е предадено на обдукција на Институтот за судска медицина, соопшти МВР.
Безживотното тело на Адил Сулејманов беше пронајдено во четврток во Велес, а смртта е предизвикана од два убода од нож.Она што засега е познато е дека Адил во средата околу 16 часот со такси од Бузалково се упатил кон Велес, да го остави лаптопот на поправка. Таксистот го оставил во центарот на Велес, по што на момчето му се губи трагата.Родителите до доцна во ноќта чекале Адил да се врати дома. Неуспешни биле обидите да го добијат на мобилен телефон. Потрагата по него, инаку, почна во четвртокот наутро. Го барале насекаде. Татко му стигнал до семејниот плац, во непосредна близина на индустриската зона УЗУС2. И таму во камп приколката во близина на фабриката „Киро Ќучук” во Велес го пронашол мртов својот син./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.