Црна хроника
Тепачка меѓу „комитите“ и „балистите“ во Тетово, тројца приведени
Тројца скопјани, припадници на навивачката група „Комити“ се приведени во сабота во Тетово, откако се спротивставиле на полицајците кои се обидувале да ги раздвојат „комитите“ и „балистите“, кои претходно започнале пресметка со размена на камења и шишиња, при што бил погоден полицаец.
Како што информира полицијата, околу 13.20 часот пред градскиот стадион во Тетово, во 20-та минута од првото полувреме на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК„Ренова“ од с.Џепчиште и ФК „Вардар“ од Скопје, пристигнала група од 30-40 навивачи на ФК „Вардар“, но од страна на организаторот на натпреварот не им бил дозволен влез на стадионот. По ова дошло до насилство и недостојно однесување, на начин што спонтано се собрала група на младинци навивачи на ФК-Шкендија т.н „Балисти“ и помеѓу двете групи (“Балисти“ и “Комити“) дошло до меѓусебно фрлање на камења и шишиња, при што бил погоден полициски службеник од ПС-Тетово, а исто така, оштетено било и паркирано возило „Форд Фиеста“ со тетовски регистарски ознаки.
Интервенирано било од страна на полициски службеници, но неколку поединци од навивачката група на ФК„Вардар“ се спротивставиле со буткање и удирање со раце. Во ПС-Тетово приведени биле М.Г.(19), Ф.С.(18) и Г.М.(40), сите од Скопје.
По целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. /крај/со/ст
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.