Црна хроника
Тепачка поради девојка на концертот на Аца Лукас
Две момчиња биле нападнати и претепани поради девојка на концертот на Аца Лукас во Метрополс Арена во Скопје што се одржа во саботата вечерта.
Осуманесетгодишното момче кое го пријавило случајот во полиција, било на концерт со четворица другари и една другарка. Таму флертувал со девојка која била во друштво на неколку момчиња. Едно од нив на босански јазик го предупредило да не ја гледа девојката бидејќи му била сестра. По кратко време, братот на девојката го фатил за рамото го повлекол и го удрил со тупаница во пределот на десното око. Потоа му се приближиле и другите лица и почнале да го удираат во пределот на телото со стаклени шишиња и со тупаници, по што паднал на подот во бесознание. Додека го удирале забележал како еден од неговите другари лежи на земјата, а истите лица го удираат со клоци.Напаѓачите избегале, а нападнатите момчиња се упатиле во болницата „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Напаѓачите биле на возраст од 20 до 22 години од село Батинци. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.