Црна хроника
Тепачка во средното училиште „Кочо Рацин“
Во петокот околу 10 часот во полициската станица Ѓорче Петров е пријавено дека во СУГС „Кочо Рацин“, настанало нарушување на јавниот ред и мир помеѓу две поголеми групи на лица.
Од една страна во нарушувањето учествувале М.Р.(48), Б.С.(17), М.А.(18), Р.А.(15) И М.А.(16) и од другата страна лицата Е.И.(17), Е.И.(18), Е.Н.(15), С.Ј.(17), С.Ј(18) и А.Б. сите од Скопје.
Истите меѓусебно се удирале со тупаници и клоци во пределот на главата и телото од кои удари кај М.А.(16) имало видлива повреда на задниот дел од главата во вид на расекотина а кај Р.А.(15) расекотина на десната аркада.
Причина за тепачката била љубовна врска. Излезено е на местото на настанот при што против поголем дел од учесниците во нарушување поднесени се платни налози./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.