Црна хроника
Тепачка во Тетово, избодени двајца браќа
Двајца исечени и избодени и еден повреден е билансот од вчерашната тепачка во Тетово, соопшти полицијата.
Имено, во неделата, околу 19 часот, на ул.„Илинденска“ во Тетово во и пред угостителскиот објект „Биби“, бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка во која учествувале вкупно четири лица, три од едната страна, и едно од другата страна.
Во тепачката, на која и претходела вербална расправија, најпрво Н.М. кој бил заедно со неговиот брат Е.М. и уште едно лице станал од масата и со тупаница го удрил М.Д.(31) инаку нивен познаник, кој набрзо излегол од објектот, а потоа повторно се вратил во угостителскиот објект и ги повикал тројцата да излезат за да се пресметаат.
Тепачката продолжила надвор, при што М.Д. употребил кујнски нож со кое на двајцата браќа, Е.М. и Н.М. им нанесол повеќе расекотини и убодни рани во пределот на телото.
Повредените биле пренесени во тетовската клиничка болница, од каде итно се префрлени во Ургентниот Центар во Скопје додека М.Д. е пренесен и задржан за лекување во тетовската болница.
Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид на местото на настанот а пронајден е и подигнат ножот и истиот е предаден за вештачење. Се работи на целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.