Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист по удар со возило
Во СВР Скопје вчера околу 15:45 часот било пријавено дека на ул.„Скупи“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(55) од Тетово и мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.А.(30) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Двајца работници тешко повредени во одделни несреќи на работните места
Двајца 51-годишни мажи се здобиле со тешки телесни повреди во одделни несреќи што се случиле при извршување работни задачи во пробиштипско и скопско.
Како што информира МВР, во 16:45 часот во ОВР Пробиштип било пријавено од Итната медицинска помош дека кај нив бил донесен Г.С. (51) од селото Соколарци, општина Чешиново-Облешево. Според пријавеното, тој се повредил додека извршувал работни задачи во рудник во пробиштипско.
Истиот ден, во 17:04 часот, од Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.М. (51) од селото Батинци. Според информациите, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи за приватна фирма во селото Сопиште.
Во двата случаи бил извршен увид од полициски екипи, а за несреќата во Сопиште бил известен и трудов инспектор.
Црна хроника
Две лица запалиле стари класери во објект на поранешен комбинат во Штип
Жител на Штип пријавил во полиција дека две лица предизвикале пожар во една од подрумските простории на зградата на поранешниот комбинат ЗИК „Црвена Ѕвезда“.
Според информациите од МВР, лицата запалиле стари класери, по што го напуштиле местото на настанот.
Во пожарот нема повредени лица, а интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, која успеала да го изгасне огнот.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.
Црна хроника
Скопјанец грабнат среде бел ден и однесен на автоплац во Карпош, па во Шишево – тешко повреден
Триесет и шестгодишен жител на скопско пријавил во полиција дека бил физички нападнат, а потоа и грабнат и однесен на друга локација.
Според информациите од МВР, Д.Е. пријавил дека околу 14 часот на подрачјето на Карпош, додека се движел со возило „мерцедес“, бил пресретнат од три патнички возила.
Како што навел во пријавата, едно од лицата, Р.Б., физички го нападнало и му нанело тешки телесни повреди. Потоа, според неговото тврдење, бил внесен во едно од возилата и однесен најпрво на автоплац во Карпош, а потоа бил оставен во селото Шишево.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
