Црна хроника
Тешко повреден пешак во Брвеница, во него удрил автомобил и избегал
Вчераутро тетовската полиција добила пријава за повреден пешак во Брвеница откога во него удрил автомобил и избегал.
„Во селото Брвеница, тетовско, патничко возило удрило во 22-годишниот К.Ј. од Брвеница и го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово“, соопшти полицијата.
Увид направила увидна екипа на СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
