Црна хроника
Тешка кражба во стан во Скопје, причинета штета од околу 200 илјади денари
Во средата било пријавено дека во периодот од 31-ви декември 2015-та година до 5-ти јануари годинава, на улица „Франклин Рузвелт“ во Скопје, непознат сторител насилно ја отворил балконска врата од стан во сопственост на 69-годишниот С.М. и извршил тешка кражба.
Крадецот одзел поголема количина златен и друг вид накит, и еден пиштол марка „Берета“ калибар 9мм. по што го напуштил местото на настанот, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 200 илјади денари. Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.