Црна хроника
Тешка сообраќајка кај Дебар, еден загинат
На периферијата на Дебар, во четвртокот околу 22 часот, се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице додека две други се тешко повредени.
Макфакс дознава дека сообраќајката се случила кај градскиот стадион во Дебар, а притоа починал малолетникот Р.Р. додека двајца негови другари се пренесени на лекување во скопската Клиника по добиените тешки повреди.Се дознава дека во еден автомобил со дебарски регистарски таблички се возеле четири малолетници инаку ученици во трети клас на дебарската гимназија. Надлежните институции извршија увид на местото на несреќата и се очекува наскоро да се изнесат причините на оваа трагедија./крај/мф/мн
Извор: Dibra Jon
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.