Црна хроника
Тешка сообраќајка кај Ново Село, струмичко
Во петокот вечерта, тешка сообраќајка се случила на патот Струмица – Ново Село, во која еден се сдобил со тешки телесни повреди и е во животна опасност, а патниот сообраќај беше во прекин неколку часа, додека траеше увидот.
Имено, во петокот, во 22.15 часот на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село, на местото викано „Леонидова чешма“, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Форд Ескорт“, управувано од Т.Т. (1971) од село Банско – Струмица, трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки управуван од Т.С.(1947) од село Сушица и автомобил „Форд Мондео“ со чешки регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(1983) од Струмица.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Т.Т., кој по укажаната лекарска помош во медицинскиот центар Струмица бил препратен во ургентен центар Скопје и се наоѓа во животна опасност, додека останатите двајца учесници се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
Увид на лице место извршил јавен обвинител и екипа од полициската станица Струмица. Во времето од 22.50 до 03.00 часот сообраќајот на наведениот патен правец бил во прекин за товарни моторни возила, додека автомобилите биле пренасочени преку алтернативни патишта./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.