Црна хроника
Тешко повреден кавадарчанец откако со „голф“ излетал од патот
– фото илустрација
Триесетгодишен кавадарчанец е тешко повреден откако со своето возило излетал од патот.
Триесетгодишен кавадарчанец е тешко повреден откако со своето возило излетал од патот.
Инцидентот се случил во недела попладне околу 15.40 часот на патот Кавадарци – Мотел Дреново, кога Ѓ.К. (30) од Кавадарци, управувајќи автомобил „фолксваген голф“ со кавадаречки регистерски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата Ѓ.К. се здобил со тешки телесни повреди , а поради сериозноста на повредите од ЈЗУО Кавадарци е пренесен во КЦ-Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС-Кавадарци. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.