Црна хроника
Тешко повреден полицаец кај Кичево
Еден припадник на полицијата е тешко повреден од возило ноќта кон неделата во близна на Кичево од возило управувано од малолетник кое се втурнало во него кога се обидувал да изврши рутинска контрола, соопшти Министерството за надворешни работи
Еден припадник на полицијата е тешко повреден од возило ноќта кон неделата во близна на Кичево од возило управувано од малолетник кое се втурнало во него кога се обидувал да изврши рутинска контрола, соопшти Министерството за надворешни работи
Инцидентот се случил околу 1 часот ноќта, кај селото Жубрино, кичевско, при обид униформирани полициски службеници да сопрат возило за контрола, а возачот ја зголемил брзината и удрил во еден полициски службеник по што го напуштил местото на настанот.
На повредениот лице му е укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево каде му се констатирани тешки телесни повреди, поради што е пренесен во Ургентен центар Скопје.
По преземени мерки приведено е едно малолетно лице за кое постојат сомненија дека е можен сторител на делото, се работи на целосно расчистување на случајот./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.