Црна хроника
Тетовец физички нападнат, полицаец во обид да го расчисти случајот скршил нога
Тетовец бил физички нападнат откако неговата пријателка се обидела да земе лични предмети од куќа во која претходно ги оставила.
Како што соопшти полицијата, настанот се случил во сабота вечер, кога во полициската станица во Тетово било пријавено дека на ул.„Јован Ончевски“ имало нарушување на јавиот ред и мир со тепачка во која учествувале повеќе лица. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот при што е затекнат Ф.И.(1979) од Тетово со повреди во пределот на главата и М.И.(1985). По обавениот разговор со нив истите посочиле дека М.И. се упатила во куќата на горенаведената адреса за да земе нејзини лични предмети кои предходно ги оставила таму, а во која куќа престојувале Е.Х.(1987), А.Х.(1989), О.Х.(1985) и Л.З.(1969), сите од Р.Албанија. При тоа настанала расправија помеѓу М.И. и горенаведените странски државјани, а откако Ф.И. пришол да види што се случува, истиот бил физички нападнат и удиран со раце и со дрвени предмети во пределот на главата и телото, по што напаѓачите се повлекле во куќата. При превземање на мерки од страна на полициски службеник бидејќи влезната врата од куќата била затворена, истиот при обид да ја прескокне оградата, се здобил со повреда во пределот на десната подколеница. Полицискиот службеник со возило на ИМП е пренесен во КБ-Тетово за укажување лекарска помош, каде му се констатирани скршеници на три места на подколеницата, по што е префрлен во УЦ-скопје за понатамошно лекување. Сите горенаведени лица се приведени во ПС-Тетово, и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе им биде поднесен соодветен поднесок. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска, во 00.15 часот, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К. Б. и 37-годишниот М. П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол ‘радом’ во калибар од 9 милиметри, сопственост на М. П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Три лица пријавиле во полициските станици во Скопје дека биле каснати од куче скитник во текот на вчерашниот ден, извести МВР.
На 28.03.2024 во 18.45 часот во Полициската станица Аеродром, Л.Ј.(64) од Скопје пријавила дека на пешачка патека во населбата Ново Лисиче во Скопје била касната од куче скитник.
На 28.03.2024 во 12.40 часот во Полициската станица Карпош, М.Ч.(34) од с.Катланово, скопско, пријавила дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 28.03.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Д.(21) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.