Црна хроника
Тетовец сакал насилно да помине на патарина, со возилото го удрил наплатувачот
Сопатникот во комбе, насилно ја отворил рампата, а возачот на комбето го удрил со возилото наплатувачот, на наплатна рампа Глумово, скопско, по што избегале.
Имено, како што соопшти полицијата, во саботата на пладне, на наплатната рампа „Глумово“-Скопје, откако настанала расправија помеѓу вработениот Г.С.(50) и непознато лице, возач на комби со тетовски регистарски ознаки околу наплата, во еден момент сопатникот што бил во возилото излегол од комбето и насилно ја отворил рампата.
Г.С. стиснал паника тастер и излегол од кабината со цел да ја затвори рампата, и во тој момент кога ја затворил бил удрен со комбето во пределот на десниот колк, по што лицето кое го управувало комбето го напуштило местото на настанот.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот. Крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.