Црна хроника
Тетовец се изнервирал по натпреварот Албанија – Србија и скршил две светлечки реклами
По квалификацискиот натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Србија и Албанија којшто се следеше во живо на виодеобим на плоштадите во Тетово и Гостивар, во тетовската полиција регистриран е еден изолиран инцидент во којшто има едно полесно повредено лице.
Според информациите од СВР Тетово, во четвртокот вечерта околу 22.45 часот по завршувањето на натпреварот, пијан жител на тетовското село Теарце на булеварот „Илинденска“ во Тетово, со рака скршил светлечки реклами на две банки. Дваесетгодишното момче се здобило со исеченици на рацете коишто му биле санирани во тетовската болница. Издадени му се два патни налози коишто треба да ги плати поради нарушувањето на јавниот ред и мир.Од СВР Тетово велат дека ги презеле сите превентивни мерки со цел навреме да се пресретнат и ефикасно да се спречат евентуални инциденти при следењето на натпреварот во живо во Тетово и Гостивар. Други инциденти по завршувањето на натпреварот којшто се одигра во албанскиот град Елбасан, во којшто репрезентацијата на Србија ја победи албанската репрезентација со 2:0, не се регистрирани. Инциденти не се регистрирани ниту во Скопје./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.