Црна хроника
Тинејџер и малолетник се обиделе да силуваат струмичанка која си го барала сопругот
Дваесет и деветгодишна струмичанка во саботата ноќта избегнала силување од две лица, од кои едниот е 18-годишен тинејџер а вториот е 15-годишник, кога била нападната во блиското село Василево го барала својот поранешен сопруг, соопшти во неделата Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот во СВР Струмица бил пријавен во саботата околу 23 часот, кога младата жена идентификувана со иницијали Ц.А пријавила дека еден час претходно додека во селото Василево се распрашувала за нејзиниот поранешен сопруг ѝ пришле две за неа непознати лица кои рекле дека го познаваат и оти знаат каде се наоѓа во моментот.
Потоа заедно тргнале кон месноста Трските, но кога пристигнале таму едно од лицата ѝ ги фатило рацете и почнало да ја допира по телото. Кога жената почнала да се спротиставува и да вика, напаѓачот со рака ѝ ја затворил устата, а потоа почнал да ја удира со шлаканици. За среќа на нападнатата, другото лице најверојатно се премислило и си заминало, но напаѓачот продолжил со обидите да ѝ ја соблече облеката.
Жената успеала да се истргне и да побегне, по што случајот го пријавила во полицијата, чии службеници извршиле увид на местото на инцидентот.
Кусо подоцна биле пронајдени двете лица посочени од нападнатата жена. Според полицијата станува збор за 18-годишникот идентификуван со иницијалите А.Д., кој по наредба на Јавен обвинител е задржан во СВР Струмица и за петнаесетгодишен малолетник./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.