Црна хроника
Тинејџер ја убил мајка си со ловна пушка
Тинејџер од Градско во петокот вечерта смртно ја застрелал својата мајка во семјената куќа, а според првичните информации патронот бил испукан од невнимание.
Инцидентот се случил околу 21,00 часот во семејната куќа во Градско, во која бил со двајца негови другари, 17- годишно лице зело ловна пушка која припаѓала на неговиот татко која истата ја поседувал со дозвола, при што во еден момент од невнимание испукал еден патрон и смртно ја застрелал неговата мајка Ѓулизера М.(52), во пределот на вратот.
Со лицето е извршен разговор и увид на лице место извршиле ЈО и екипа од СВР Велес, а телото е предадено на обдукција, соопшти МВР. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.